Smartportal.mk
Google Play почна да овозможува инсталирање лични апликации направени со вештачка интелигенција без програмерска сметка

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во feeder, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Можноста постепено стига до корисниците над 18 години во одредени земји Google вчера објави повеќе новини за Google Play, а најинтересната е за оние кои не се програмери, а сега „можат да бидат“. Продавницата сега може да ги стартува и апликациите што корисниците сами ќе си ги направат со вештачка интелигенција. Апликацијата се прави во Google AI Studio, каде што со зборови се опишува што треба да прави, односно таканареченото „vibe coding“. Ваквите лични апликации сега преку Google Play може да се инсталираат на сопствениот уред, а според Google тие остануваат приватни и одвоени од јавниот каталог на продавницата. За тоа е доволна обична Google сметка, без програмерска сметка.
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата feeder.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.